Достапни линкови

Србија и Косово во посредство на ЕУ ќе седнат на маса за преговори


Албанскиот премиер Абдулах Хоти и српскиот претседател Александар Вуќиќ

Србија и Косово денеска на видео конференција ќе ги рестартираат разговорите во посредство на Европската Унија, откако и двете страни се согласија да продолжат напред со напорите за нормализирање на меѓусебните односи. Лидерите на Косово и Србија на ова се согласија по видео самитот на кој домаќини беа францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел.

Видео-конференцијата, која ќе почне во 10:00 часот, ќе ја води високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Жосеп Борел, објави прес-службата на српскиот претседател.

Во заедничката изјава на Меркел и Макрон на 10 јули беше наведено дека претседателот на Србија Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдалах Хоти се согласиле дека треба да го продолжат дијалогот и дека треба да ја „продлабочат соработката“ во разни обласи за да помогнат во обновата на довербата.

Преговорите меѓу Србија и Косово пропаднаа во 2018 година, по што следуваше и зголемување на увозните такси на Косово кон Србија. Новиот притисок доаѓа откако во меѓународниот суд во Хаг беше покренато обвинение за косовскиот претседател Хашим Тачи за воени злосторства, по што беше одложен планираниот самит во Белата Куќа, меѓу Тачи и Вучиќ.

XS
SM
MD
LG