Достапни линкови

Нови 199 заболени и 8 починати од ковид-19


Луѓе со заштитни маски во Скопје поради пандемијата со Ковид-19

Во изминативе 24 часа евиндентирани се нови 199 заболени пациенти од коронавирус. Во последното деноноќие биле направени вкупно 1545 тестирања. Најголем број на новозаразени случаи повторно се забележани во Скопје со вкупно 90 новозаразени, по него доаѓаат Свети Никола каде што има нови кластери и заболени 24, па Куманово со нови 17 случаи.

Починати се 8 лица, еден пациент од Скопје, еден од Штип, четири од Тетово и двајца пациенти од Струга. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 120 оздравени лица од:

Досега во земјата се направени вкупно 76.107 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7975, бројката на оздравени пациенти е 4080, на починати е 376, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3519.

XS
SM
MD
LG