Достапни линкови

Српската полиција приведе 70 луѓе поради насилните протести


Српската полиција привела 70 лица вклучувајќи и државјанин на Британија и Тунис, за учество во насилство за време на синоќешните протести во Белград против владиниот одговор и начин на справување со коронавирусот.

При синоќешните протести, четврт ден по ред, избувна насилство и судири со полицијата. Српскиот полицикси началник на прес конференција соопшти дека 40 полицајци биле повредени во текот на синоќешниот протест, додека 130 демонстрансти се повредени од почетокот на протестот во вторник до денеска.

Полиција со солзавец ги растури антивладините протести во Белград

Меѓу жртвите на протестот беа четири новинарски екипи кои биле нападнати додека известувале за инцидентите. Двајца од повредените се од новинската агенција Бета, по што се пренесени во Ургентниот центар во Белград. Нападната беше и екипата на АлЏезира Балканс, а репортерката и снимателот не беа повредени, но им беше искршена камерата.

XS
SM
MD
LG