Достапни линкови

Чулев ќе бара помош од Армијата за справување со мигрантите


Илустрација, мигранти

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев денеска најави дека покрај полициското засилување, ќе побара помош и од војската за запирање на влезот на мигранти во нашата земја преку планината Беласица. Тој посочи дека планира да разговара со министерството за одбрана, односно со Армијата, со цел зголемување на бројот на армиски припадници во овој дел од граничното подрачје.

Во меѓувреме здравствената ситуација во ПТЦ „Винојуг“ во Гевгелија е целосно под контрола и надзор на гевгелиската подрачна единица на Центарот за јавно здравје, не само по однос на Ковид-19, туку и на сите сезонски болести кои се појавуваат меѓу мигрантите.

Епидемиологот д-р Сашо Олумчев вели дека со налог на јавен обвинител сите сомнителни случаи се тестираат и моментно нема опасност по населението на Општина Гевгелија. Тој истакна дека во текот на вчерашниот ден беа тестирани 13 мигранти,а до овој момент во центарот имаше само еден сомнителен мигрант кој е изолиран додека се чека неговиот резултат.

Во Винојуг престојуваат 25 мигранти.

XS
SM
MD
LG