Достапни линкови

Трамп откажа преизборен митинг поради невреме


Американскиот претседател Доналд Трамп го откажа денешниот предизборен митинг кој беше закажан во Њу Хемпшмир, поради приближување на бура, се вели во официјалното соопштение. Митингот ќе биде презакажан за недела или две, велат официјалните лица. Трамп кој бара да биде реизбран во ноември, пред три недели одржа изборен митинг во Тулса, Оклахома, каде што, поголемиот дел од присутните ги почитуваа препораките за носење на маски и држење на физичка дистанца.

Во меѓувреме растот на бројот на заболени од коронавирусот бежели рекорди во САД. Во изминативе 24 часа бројот на новозаразени се зголеми за нови 63 илјади случаи со што вкупниот број на инфицирани во САД изнесува над 3,1 милиони луѓе. Бројот на починати пациенти од ковид -19 се зголеми за 700 и денеска изнесува 134 067 починати луѓе.

XS
SM
MD
LG