Достапни линкови

Полиција со солзавец ги растури антивладините протести во Белград


Српската полиција со употреба на солзавец ги растера демонстрантите кои четврта вечер по ред во главниот град одржуваат антивладини протести. Поводот за протестите е одгворот и начинот на кој Србија се справува со пандемијата од коронавирусот. Гневните демонстранти со петарди и камења фрлаа кон полицијата во обид да го пробијат полицискиот кордон пред Собранието во Белград.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека „насилниците“ кои предизвикале инциденти пред зградата на парламентот не предизвикале сериозни штети.

„ Сторителите ќе бидат поразени, поголемиот дел од нив ќе бидат приведени и ќе треба да одговараат за сите злосторства што ги извршиле, “ изјавил Вучиќ синоќа на телевизиско интервју за телевизија Пинк.

XS
SM
MD
LG