Настаните на денот низ фотографии - 10 јули 2020 година.
Вируси и шпиони

5
ГЕРМАНИЈА - Маж кој работи за федералната прес-канцеларија на германската влада е осомничен дека повеќе години работел за египетска шпионска агенција, се вели во извештајот на германската разузнавачка служба, објавен денеска, пренесе новинската агенција ДПА.

6
ФРАНЦИЈА - Франција излегува од вонредната санитарна состојба, но тоа не значи дека државата ја напушта можноста за силни и строги мерки против новиот коронавирус.

7
ШВАЈЦАРИЈА / КИНА - Следните два дена експерти на Светската здравствена организација ќе ги поминат во Пекинг за да ги постават темелите за поголема мисија за истражување на потеклото на коронавирусот во Кина.

8
СРБИЈА - Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија одлучила да ја прифати новата методологија во преговорите за пристапување со Европската унија.