Достапни линкови

Нови 205 случаи на Ковид-19, шест починати и 336 оздравени


Илустрација - Тестирање на примероци од крв за Ковид-19

Во последното деноноќие во државата се регистрирани шест смртни случаи, 205 новозаразени од коронавирус и 336 оздравени.

„Во последните 24 часа се направени 1.728 тестирања, а регистрирани се 205 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-60, Куманово-13, Дебар-17, Штип-10, Прилеп-2, Тетово-13, Струга-12, Велес-3, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-23, Струмица-1, Крушево-1, Пробиштип-2, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Берово-1, Свети Николе-29, Кичево-7, Ресен-3. Денеска Институтот за јавно здравје регистрираше и 336 оздравени лица. Починати се 6 лица, четири пациенти од Скопје и два од Гостивар“, соопшти МЗ.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починале тројца пациенти на возраст од 62, 68 и 94 години, во ГОБ „8 септември“ починале двајца пациенти на возраст од 65 и 70 години, а во ОБ Гостивар е почината пациентка на возраст 80 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.777, бројката на оздравени пациенти е 3.960, на починати е 368, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.449.

XS
SM
MD
LG