Достапни линкови

ЕК: С. Македонија продолжува да ги исполнува условите за визна либерализација


Европската комисија денеска ги презентираше резултатите од редовниот мониторинг на критериумите за визна либерализација во земјите од Западен Балкан и од источното Партнерство, сите ги исполнуваат условите и натаму, јави МИА од Брисел.

Од 2017, Европската комисија има обврска да ги информира земјите членки за исполнувањето на овие критериуми поради брановите на „нелегални“ баратели на азил кои доаѓаа од западниот Балкан пред сѐ, откако се укина визниот режим.

Последниот извештај покажува дека Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Грузија, Молдавија и Украина продолжуваат да ги исполнуваат условите и дека безвизниот режим “продолжува да носи позитивни економски, социјални и културни“ бенефити како за ЕУ така и за земјите партнери. Сепак Комисијата потсетува дека не смее да има олабавување на напорите, јави МИА.

XS
SM
MD
LG