Достапни линкови

Вработен во прес-службата на Меркел осомничен за шпионажа


Германската канцеларка Ангела Меркел

Маж кој работи за федералната прес-канцеларија на германската влада е осомничен дека повеќе години работел за египетска шпионска агенција, се вели во извештајот на германската разузнавачка служба, објавен денеска, пренесе новинската агенција ДПА.

Годишниот извештај на германската агенција се чини дека го потврдува пишувањето во весникот „Билд“ во кој се вели дека лицето за кое станува збор се испитува под сомнение дека работи како шпион. Осомничениот е државен службеник на средно ниво во службената хиерархија.

Портпаролот на федералната канцеларија за печат рече дека „нема да ги коментира тековните истраги или кадровските работи“.

XS
SM
MD
LG