Достапни линкови

Чулев: Се расчистува штипскиот случај за „Поткуп при избори“


Министерот Наќе Чулев

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, денеска информираше дека Отсекот за економски криминал при СВР Штип вчера презел мерки за расчистување на кривично дело „Поткуп при избори и гласање“.

„Од страна на СВР Штип од Судија на претходна постапка од Основен суд Штип побарана и добиена е наредба за претрес на дом и други простории кај конкретното лице со цел обезбедување на материјални докази и целосно документирање на настанот. При извршениот претрес во прехранбената продавница на лицето биле пронајдени 4 тетратки во А4 формат во кои имало список со имиња, 69 биометриски лични карти, 18 биометриски патни исправи, 18 стари патни исправи, 6 стари лични карти, 1 дозвола за престој и 1 здравствена легитимација, за кои постои основано сомневање дека се предмет на Кривично дело „Поткуп при избори и гласање“ од чл.162 од КЗ. Пронајдените предмети со потврда за привремено одземени предмети се одземени од лицето Д. А., а во просториите на СВР Штип со конкретното лице извршен е разговор во однос на околностите поврзани со пронајдените предмети“, информираше Чулев на ФБ.

XS
SM
MD
LG