Достапни линкови

Во САД нов дневен рекорд - 65.000 заразени од коронавирус


Здравствен работник на пауза додека луѓето чекаат во своите возила во долги редови за тестирање за ковид-19 во Хјустон, Тексас

Соединетите држави се наоѓаат во тежок и предизвикувачки период во борбата против коронавирусот, изјави Ентони Фаучи, директор на американскиот Национален институт за алергија и заразни болести пред да биде забележан рекорден број на инфицирани и починати во еден ден. Тој оцени дека зголемувањето доаѓа откако многу држави започнаа со отворање на бизнисите и со олеснување на мерките за останување дома пред да забележат забавување на стапката на инфекција. Инфекциите се зголемуваат во 41 од 50 држави. Најлошо е во Калифорнија, Тексас и Флорида - трите најнаселени држави.

Состојбата со КОВИД-19 во САД не е добра, а Индија ја надмина Русија

Набргу по неговата изјава, САД, според извештајот на универзитетот Џонс Хопкинс, забележаа над 65.000 нови случаи на ковид-19, што е рекорд. Претходниот рекорд беше поставен на 8 јули кога случаите се зголемија за 60.541 за еден ден. Соединетите држави пријавиле повеќе од 3,1 милиони случаи и над 133.000 смртни случаи од коронавирусот.

XS
SM
MD
LG