Достапни линкови

Собири во Србија- дел од демонстрантите седат на улиците


Белград- дел од демонстрантите седат на улицата пред српскиот парламент, 09.07.2020

Српските граѓани трета вечер по ред се собраа пред зградата на Собранието на Србија во Белград, а голем дел од нив седнаа на улицата со транспраренти во рацете на кои пишува „Не наседнувај, седни“ и „Апси ги хулиганите, не го тепај својот народ“. На сличен начин се протестира и во Нови Сад, Ниш, Чачак и други градови во Србија.

Белград- граѓаните седат на плочникот пред српското собрание
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:12 0:00


Насобраните на овој начин се оградуваат од групите и поединците кои на протестите во претходните две вечери се судираа со полицијата.
Како што јавува репортерот на Радио Слободна Европа во Белград позади зградата на парламентот се распоредени силни полициски сили меѓу кои и коњаница. На протестот се и лидерите на српската опозиција Драган Џилас, Боко Стефановиќ и Сергеј Трифуновиќ.

Инаку повод за дводневните протести низ повеќе градови во Србија беше најавитa на српскиот претседател Александар Вучиќ за повторно воведување полициски час и рестриктивни мерки поради зголемувањето на бројот на заболени од коронавирус.

Директорот на полицијата Владимир Ребиќ изјави денеска дека во текот на дводневните протести се повредни 118 полициски службеници, на кои им е укажана помош во здравствените установи во повеќе градови низ Србија, а синоќа се приведени 153 лица.

Премиерката Ана Брнабиќ, пак, рече дека кризниот штаб за справување со коронавирусот донел неколку нови мерки за спречување на ширење на болеста, но нема да се воведе полициски час. Меѓу мерките е и забрана за групирање на повеќе од десет лица во затворен и отворен простор во главниот град. Таа нагласи дека веќе немаат капацитети во болниците во Белград за прием на нови пациенти заболени со Ковид19.

XS
SM
MD
LG