Достапни линкови

САД контра ОН за убиството на иранскиот генерал Солејмани


Агнес Каламард, специјален известувач на Обединетите нации за вонправни, сомнителни или произволни егзекуции

Соединетите Американски Држави го обвинија експертот на Обединетите нации наведувајќи дека „им дава пропусница на терористите“, откако таа заклучи дека американскиот напад со дрон, во кој загина иранскиот генерал Ќасем Солејмани бил незаконски.

Агнес Каламард, специјален известувач на Обединетите нации за вонправни, сомнителни или произволни егзекуции, денеска во седиштето на организацијата го презентираше својот извештај објавен претходно неделава. Во него таа наведува САД не доставиле специфични докази дека Солејмани планирал напади врз американските интереси, особено во Ирак, поради што и била неопходна итна акција.

"Потребен е посебен вид интелектуална нечесност за да се објави извештај во кој ќе се обвинат Соединетите Држави за реакција во самоодбрана додека се избелува минатото на генералот Солејмани како еден од најсмртоносните терористи во светот“ рече портпаролката на Стејт Департментот Морган Ортагус.

Таа додаде дека ваквиот извештај ги поткопувал човековите права со тоа што давал пропусница на теористите и уште еднаш се докажувало зошто Америка со право го напуштила Советот за човекови права во 2018 година.

Иранскиот генерал беше убиен на трети јануари годинава во американски воздушен напад во Багдад. Пентагон тогаш соопшти дека претседателот Доналд Трамп го одобрил нападот и оти имал за цел да ги одврати идните ирачки агресивни планови.

XS
SM
MD
LG