Достапни линкови

Се повеќе заболени од коронавирус на Балканот


Архивска фотографија- тестирање за коронавирус во Институтот за јавно здравје во Белград

Во изминатите 24 часа зголемен е бројот на позитивни случаи на Ковид-19 во Грција, а според податоците од Националната организација за јавно здравје регистрирани се 50 нови случаи, од кои 24 се од тестовите спроведени на влезните точки во земјата, односно на туристите, јави дописничката на МИА од Атина.Според грчките медиуми, од останатите 26 случаи, три се исто така туристи, но кои своеволно се тестирале во Грција, седум се во поширокиот регион на Атина, по шест во Солун и Ксанти, два се во Кавала и по еден на Халкидики и во Родопи. Од почетокот на епидемијата, во Грција се регистрирани вкупно 3.672 случаи на Ковид-19, а починаа 193 лица.

Во Србија во последните 24 часа починаа 11 луѓе, а од 7259 тестирани позитивни се 266 луѓе. Со ова вкупниот број на инфицирани од почетокот на епидемијата во таа земја изнесува 17 342 лица, а досега починаа 352. Во Бугарија во последното деноноќие има 240 новозаболени од 4300 тестови, а починале пет лица. Вкупно досега кај источниот сосед има 6432 заболени од коронавирусот, а починале 259 луѓе. Во Хрватска се регистрирани 91 нов заболен и еден починат, со што вкупниот број на заразени е 3416, а 115 починале.

Во последните 24 часа, како што информира македонското Министерство за здравство, направени се 1470 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи на ковид-19, починати се три лица, а оздравени 70.

XS
SM
MD
LG