Достапни линкови

Чулев- МВР гарантира фер, мирни и демократски избори


Архивска фотографија- министерот за внатрешни работи Наќе Чулев

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев ро рамки на денешните активности оствари работна посета на одделенијата за внатрешни работи во Крива Паланка, Кратово, Пробиштип и Свети Николе, при што имаше и работни состаноци со раководствата на четирите одделенија.

Обезбедување на парламентарните избори, справувањето со пандемијата од Ковид19 и борбата против сите форми на криминал биле темите за кои се дискутирало на овие работни средби. Од страна на раководствата на четирите полициски одделенија Чулев бил информиран дека изминатите неколку изборни циклуси се одржани во мирна атмосфера без позначителни и посериозно инциденти.

„Од нивна страна беше истакнато дека веќе се подготвени оперативните планови со кои ќе се покриваат изборите“, се наведува во соопштението од МВР и се додава дека министерот Чулев апелирал до сите полициските службеници да постапуваат максимално професионално и одговорно.

Во поглед на европската интеграција на нашата држава, Чулев потенцирал дека парламентарните избори се важен показател за правецот во кој ќе се движи нашата држава. Во таа насока Чулев нагласил дека неопходно е истите да бидат организирани на највисоко ниво и во согласност на законите.

Министерот Чулев истакнал дека постапувањето на полициските службеници, согласно со законите и согласно интерните акти на Министерството за внатрешни работи ќе гарантира фер, мирни и демократски избори, а тоа ќе биде причина граѓаните да излезат и да го исполнат своето избирачко право.Предвремените парламентарни избори ќе се одржат в среда на 15 јули.

XS
SM
MD
LG