Достапни линкови

Приведен секретарот на бугарскиот претседател Румен Радев


Пламен Узунов, секретар за правни и антикорупциски прашања на бугарскиот претседател Румен Радев

Пламен Узунов, секретар за правни и антикорупциски прашања на бугарскиот претседател Румен Радев, денеска е приведен во рамките на истрагата за тргување со влијание. Претходно, обвинители, претставници на Министерството за внатрешни работи, на Бирото за заштита на сведоци извршија претрес во канцелариите на претседателската администрација.

Претресот е одобрен и од Воениот суд во Софија, како и од Специјализираниот кривичен суд. Бугарскиот државен обвинител Иван Гешев изјави дека бил извршен претрес и се одземени материјали од две канцеларии, кои ги користат советникот и секретарот на претседателот Радев.

Специјализираното обвинителство ги испитува како сведоци Пламент Узунов и бизнисменот Пламен Бобков кој беше приведен претходно денеска. Како што јавуваат бугарските медиуми, тиеподолг прериод комуницирале на различни теми, меѓу кои и за предлозите за амбасадори.

XS
SM
MD
LG