Достапни линкови

Четири дена на кино во дворот на Кинотека


Илустрација
Илустрација

Цената на билетот е 100 денари, а корона-протоколот е задолжителен.

Од 10 до 13 јули, во дворот на Кинотека почнува летната програма, во која ќе се прикажуваат 4 современи филмови од годинешниот Европски филмски предизвик, информираат од Кинотеката .

Организаторот информираи дека според актуелниот Протокол за организирање јавни настани ги воведува следниве правила: задолжителна дезинфикација на рацете при влез во дворот и објектот, задолжително носење на маска или заштита преку устата и носот, задолжително одржување на дистанца додека се следи проекцијата, пушењето за време на проекција е непожелно, забрането е внесување на пијалоци (алкохолни и безалкохолни).

Цената на билетот е 100 денари, а со него посетителите добиваат и бесплатен освежителен пијалак, а распоредот на филмовите е следниот:

10 јули, 21.00 часот
Господ постои, името ѝ е Петрунија (2019)
Режија: Теона Стругар Митевска

11 јули, 21.00 часот
Гостин / The Guest (2018)
Режија: Duccio Chiarini

12 јули, 21.00 часот
Земјата под моите нозе / The Ground Beneath My Feet (2019)
Режија: Marie Kreutzer

13 јули, 21.00 часот
Сонот на Катрина / Katrina’s Dream (2018)
Режија: Dario Bischofberger, Mirko Bischofberger

XS
SM
MD
LG