Достапни линкови

Курц: Решението за европскиот буџет ни е на дофат


Себастијан Курц

Решението за новиот буџет на Европската унија е „на дофат на рака“, доколку има подготвеност за тоа, оцени денеска австрискиот канцелар Себастијан Курц.

„Ако има желба, можно е да се постигне договор во секое време“, истакна тој во своето обраќање пред Комитетот за прашања на ЕУ во австрискиот Парламент и додаде дека има поголема потреба од дискусија за фондот за обнова предложен од Европската комисија.

Состанокот на Комитетот на ЕУ се одржа утрово по повод вонредниот самит на ЕУ закажан за следната недела во Брисел.

XS
SM
MD
LG