Достапни линкови

Родителите на основците се враќаат на работа


Венко Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче денеска појасни за кои вработени се однесува уредбата со која на работа треба да се вратат родителите кои имаат деца до 10-годишна возраст. Тој истакна дека владината уредба се однесува на оние родители чии деца се до 10-годишна возраст, а кои одат на училиште.

Според министерот, на работа се враќаат само оние родители чии деца учат во основно училиште, но не и оние родители чии деца одат во градинка.

„Станува збор за родителите на децата од школска возраст заради тоа што сега секако школите не работат. Останува на сила одлуката за родителите на децата кои одат во градинки кои сега не функционираат“, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по денешната средба со претставници на здружението „Борка“.

XS
SM
MD
LG