Достапни линкови

Расте бројот на жртви во поплавите во Јапонија


Спасувачки екипи бараат исчезнати лица во поплавите во префектурата Кумамото

Bројот на загинати во поплавите и лизгањето на земјиштето на јужниот јапонски остров Кјушу се искачи на 62, а метеоролошките служби и надлежните предупредуваат денеска и денеска се очекуваат поројни дождови да ја погодат Јапонија, јави АП.

Денеска локалните медиуми јавуваат за најмалку 17 загинати во Кјушу, каде што имаше рекордни за итни случаи, како и за обидите на војската и спасувачките тимови да стасаат до жителите во руралните области на префектурата Кумамото, кои се отсечени поради лизгање на земјиштето и поплавите.

Според Министерството за земјоделство, од саботата се случиле 179 лизгања на земјиштето, од кои 36 во префектурите Кумамото и Кагошима. Поплавите принудија неколку стотини илјади Јапонци да ги напуштат своите домови.

XS
SM
MD
LG