Достапни линкови

Во Каталонија од денеска задолжително носење маски


илустрација

Каталонија вчера им нареди на сите жители и посетители да носат маски за лице во јавноста, станувајќи првиот шпански регион што ја зајакна националната директива со која се задолжува нивната употреба. Наредбата која стапи во сила денеска, е објавена откако повеќе од 200.000 луѓе во областа на Сегрија беа ставени под локална блокада поради коронавирусот.

Загадениот воздух може да ја зголеми смртноста од Ковид-19

Шпанските власти минатиот месец наредија задолжително носење маски во затворено и на отворено во сите околности под кои не можеше да се одржи дистанца 1,5 метри и додека не се пронајде лек или вакцина за коронавирусот. Пандемијата ја погоди Шпанија потешко од повеќето други европски земји, предизвикувајќи повеќе од 28.000 смртни случаи и близу 270.000 инфекции, според официјалните податоци.

XS
SM
MD
LG