Достапни линкови

Хашим Тачи во идната недела на сослушување во Хаг


Косовскиот претседател Хашим Тачи

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека следната недела ќе отпатува за Хаг за да биде сослушан од специјалниот обвинител чија канцеларија е формирана да ги истражува обвиненијата за воени злосторства извршени за време и по војната за независноста на Косово кон крајот на 90-тите.

Тачи ќе си поднесе оставка, ако се потврди обвинението

Во пораката преку Фејсбук поранешниот герилски командант рече дека „многу поранешни ко-борци биле сослушувани, во и надвор од Косово, во изминатите две години". Обвинителите неочекувано на 24 јуни објавија дека Тачи и други истакнати косовци биле предмет на обвинение под сомнение за сериозни злосторства, вклучувајќи и улога во „скоро 100 убиства“, присилно исчезнување и мачење.

XS
SM
MD
LG