Достапни линкови

По втората ноќ на нереди во Србија ќе заседава тимот за кризата со коронавирусот


полициски сили околу српското собрание во Белград, 08.07.2020.

Тимот за кризата со коронавирус на Србија треба да се сретне денеска по втората ноќ на судири во Белград, поради гневот на јавноста за одговорот на владата на пандемијата. Полицијата употреби солзавец за да го растера протестот, кој траеше долго пред зградата на парламентот во Белград. Исто така, имаше протест и во вториот по големина град во Србија, Нови Сад, каде што демонстрантите се обидоа да упаднат во зградата во која се наоѓа регионалниот јавен радиодифузер. Додека толпата се движеше во Нови Сад, некои луѓе фрлаа камења и други предмети во зградата на градското собрание, каде избувна пожар. Демонстрантите исто така фрлија камења во канцеларијата на владејачката Српска напредна партија.

Актерот и политичар Сергеј Трифуновиќ нападнат на протестите во Белград

Демонстрациите во Белград избувнаа на 7 јули откако претседателот Александар Вучиќ објави нови задолжителни чекори и намера да наметне полициски час. Вучиќ вчера рече тој и другите официјални претставници размислуваат за укинување на полицискиот час за време на викендот и додаде дека конечната одлука за заклучување се очекува на 9 јули. Премиерот на Србија, Ана Брнабиќ, ги нарече протестите „досега најголемо насилство“ и вети дека нема да има насилен удар или анархија во Србија.

XS
SM
MD
LG