Настаните на денот низ фотографии - 8 јули 2020 година.
Порнографија од Гевгелија, генерали од Венецуела

1
МАКЕДОНИЈА - Порнографски видеа и фотографии со експлицитна содржина со девојки и жени од Гевгелија и околината се споделуваат на пораки преку Вибер и Месинџер. Случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи, каде се постапува по него.

2
МАКЕДОНИЈА - Во последните 24 часа се направени 1794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19, осум починати и 230 оздравени лица, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

3
МАКЕДОНИЈА - Здружението на новинарите соопшти дека по долго боледување, денеска во Скопје, почина Јасмина Спасовска, долгогодишна новинарка во областа на културата. Таа работеше како новинар во ТВ 24 Вести, а претходно беше дел од новинарската екипа на поранешната А1 телевизија.

4
МАКЕДОНИЈА - Германија беше и ќе остане доверлив партнер Северна Македонија и ќе продолжи да ја поддржува со сите расположливи сили, истакна новата германска амбасадорка во Скопје, Анке Гизелa Холштајн на денешното предавање на акредитивните писма на претседателот Стево Пендаровски.