Достапни линкови

Полицијата ги растера демонстрантите од центарот на Белград


протест на платото пред Собранието на Србија

Големи полициски сили за разбивање демонстрации околу три часот по полноќ ги растераа неколку часовните насилни протести што започнаа претходната вечер по најавата на претседателот на Србија Александар Вучиќ, дека полициски час може повторно да се воведе заради зголемувањето на бројот на луѓе кои се заразени од коронавирусот. При интервенцијата биле ангажирани полицајци на коњи, специјални оклопни автомобили “хамви”, полициски кучиња и голем број на луѓе во цивил, јавува српската агенција Бета. Полицијата претходно ги растера учесниците на протестот на платото пред Собранието на Србија. Групата се собра во центарот на Белград извикувајќи „Вучиќ крадец“, „Оставка“.

Протести во Белград - полицијата исфрли демонстранти од српското Собрание

Српскиот министер за надворешни работи и лидер на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ, изјави дека неговата партија ги осудува инцидентите и насилниот упад во Народното собрание. Вучиќ на вонредна прес-конференција најави дека во Белград за време на викендот ќе биде воведен полициски час, најверојатно од петок во 18 часот до пет часот наутро во понеделник, како и дека ќе биде забрането собирање на повеќе од пет лица во отворен и затворен простор. Опозицискиот Сојуз за Србија за денеска во 18 часот во Белград најави протест против полицискиот час.

XS
SM
MD
LG