Достапни линкови

САД “до колена” во првиот бран на коронавирусот


Ентони Фаучи

Одговорниот во борбата против заразни болести во Соединетите Држави Ентони Фаучи вели дека состојбата со коронавирус во земјата „навистина не е добра“, поради порастот на нови случаи. Фаучи рече дека САД се заглавени „до колена“ во првиот бран на вирусот затоа што, за разлика од Европа и делови од Азија, никогаш немале контрола врз епидемијата, а државите многу брзо повторно ги отворија своите економии.

Трамп на Денот на независноста со пофалби за справувањето со коронавирусот

Претседателот Доналд Трамп ја минимизираше заразата и повика повторно да се отворат државните економии, дури и кога случаите со коронавирус на национално ниво се над 3 милиони, а над 130.000 починале. Кривата на инфекцијата се зголемува во 39 од 50 држави во САД, додека просечниот седумдневен број на нови случаи е околу 50.000, што е повеќе од двојно од пред еден месец.

XS
SM
MD
LG