Достапни линкови

Фејсбук и WhatsApp не им даваат информации на властите во Хонг Конг


илустрација

Фејсбук и WhatsApp објавија дека повеќе нема да одговорат на барањата на властите во Хонг Конг да им дадат информации за своите корисници заради почитување на слободата на изразување. „Ние го прекинуваме разгледувањето на барањата на владата за податоци за корисниците од Хонг Конг, додека чекаме натамошна проценка на законот за национална безбедност“, соопшти портпаролот на Фејсбук, додавајќи: „Сметаме дека слободата на изразување е основно човеково право и ние го поддржуваме правото на луѓето да се изразат без страв за сопствената безбедност и без страв од други последици“.

Австралија размислува да им обезбеди азил на граѓаните на Хонг Конг

Кина усвои контроверзен закон за национална безбедност казнувајќи ги субверзивните активности, отцепување, тероризам и дослух со странските сили.

XS
SM
MD
LG