Достапни линкови

АП: отворањето привремени болници во Србија е поради укинувањето на забраните


привременa военa болницa во Нов Белград

Отворањето привремени воени болници во Нов Белград и Нови Пазар ги покажува последиците од брзото укинување на забраните наметнати поради пандемијата, пишува американската новинска агенција АП на почетокот на статијата за состојбата со ковид-19 во неколку земји. Зголемувањето на бројот на заразени во Србија, според АП, се врати на нивото од екот на пандемијата во март и април.

Грција од утре ги затвора границите за српски државјани

Србија, потсетува АП, од еден од најстрогите режими на ограничување во Европа транзитира во скоро целосно отвореност во почетокот на мај. „Фудбалските и тениските натпревари се играа пред преполни трибини, што резултираше со позитивни тестови на неколку играчи“. АП понатаму пишува дека Грција, со цел да се спречи оваа растечка закана, им забранилала на граѓаните на Србија да ја преминат нејзината граница.

XS
SM
MD
LG