Достапни линкови

Премиерот на Косово Хоти во Париз на средба со Макрон


Косовскиот премиер Авдулах Хоти

Косовскиот премиер Авдулах Хоти денеска во Париз ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон, соопшти Кабинетот на косовскиот премиер. Средбата меѓу Макрон и Хоти се одржува на неколку дена пред видео самитот меѓу Косово и Србија што се организира со посредство на францускиот претседател Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел. Најавено е дека самитот на кој ќе присуствува и високиот претставник на Европската унија, Жосеп Борел, има за цел олеснување на нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија.

Мета: Иднината на Косово и Србија е во Европската Унија

Два дена подоцна, на 12 јули, премиерот Хоти во Брисел ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, што, како што беше речено, „ќе го означи продолжувањето на дијалогот меѓу двете држави, со посредство на Европската унија“. Дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина започна во 2011 година и беше суспендиран на крајот на 2018 година, поради данокот што го наметнаа косовските власти врз српската стока. Мерката подоцна беше заменета со реципроцитет, но косовската влада, предводена од Авдулах Хоти, го укина реципроцитетот два дена по преземањето на функцијата за да обезбеди шанса да продолжи дијалогот.

XS
SM
MD
LG