Достапни линкови

До пладне околу 18 отсто излезност на изборите во Хрватска


Гласање на изборите во Хрватска

Излезноста на парламентари избори во Хрватска до пладне изнесува 18,09 проценти, според податоците на Државната изборна комисија. Според комисијата, на гласање излегле 620 илајди гласачи или приближно исто колку на изборите пред четири години.

На изборите има 192 листи со 2.700 кандидати, од кои 41отсто жени, а просечната старост на кандидатите е 48,6 години. Право на глас на изборите имаат 3,86 милиони избирачи, кои гласаат на околу 7.000 избирачки места во Хрватска и во странство. Изборите ги следат речиси 8.700 набудувачи.

XS
SM
MD
LG