Достапни линкови

Во поплави во Јапонија загинаа 20 лица


Поплави во Јапонија во октомври, минатата година.

Во поплави и лизгање на земјиштето предизвикани од обилните врнежи од дожд во јапонскиот јужен остров Кјушу загинаа 20 лица, а 14 се водат за исчезнати. Јапонскиот премиер Шинзо Абе побара засилување на спасувачките операции.

„Ништо не е поважно од човечките животи. Ве молам, да се потрудиме да ги пронајдеме исчезнати луѓе“, рече Абе откако јапонска телевизија емитуваше слики од превртени автомобили, луѓе како чистат кал од своите домови и како војската спасува заробени жители во чамци.

Јапонската метеоролошка агенција ги повика луѓето да бидат претпазливи, бидејќи се предвидуваат уште дождови.

XS
SM
MD
LG