Достапни линкови

Грција од утре ги затвора границите за српски државјани


Српскиот министер за трговија, туризам ителекомуникации, Расим Љајиќ.

Грција од утре ги затвора границите за српските државјани, јави телевизијата Н1. Веста ја потврди и српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации, Расим Љајиќ. Причината за такавата одлука на грчките власти е поради епидемиолошката ситуација во Србија и големиот број на тестирани лица од земјата во Грција кои биле позитивни на коронавирус.

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ претходно најави дека е можно затворање на грчките граници за српските државјани. Грција од 1 јули ги отвори границите за странски државјани.

XS
SM
MD
LG