Достапни линкови

Парламентарни избори во Хрватска


Гласање на изборите во Хрватска

Во Хрватска денеска се одржуваат парламентари избори, десетти по ред од независноста на државата. На изборите има 192 листи со 2.700 кандидати, од кои 41отсто жени, а просечната старост на кандидатите е 48,6 години.

Право на глас на изборите ќе имаат 3,86 милиони избирачи, кои ќе гласаат на околу 7.000 избирачки места во Хрватска и во странство. Изборите ќе ги следат речиси 8.700 набудувачи.

Редовните парламентарни избори во Хрватска требаше да се одржат во декември годинава, но поради коронавирусот се донесе одлука на избори да се излезе неколку месеци порано.

XS
SM
MD
LG