Достапни линкови

Експлозија во фабрика во Турција, стотина повредени, четорица мртви


илустрација

Најмалку четири лица загинале, а 97 од 186 вработени се повредени во денешната експлозија во фабриката за пиротехника во северна Турција.

Фабриката се наоѓа во предградието на градот Хендек, во провинцијата Сакарја, изјави гувернерот на Четин, Октај Калдирим за новинската агенција Анадолија.

Турскиот министер за здравство Фахретин Коча, кој отиде на местото на несреќата, рече дека 97 повредени се во болница, од кои само еден човек е во критична состојба.

Локалните власти ги блокираа патиштата до фабриката поради мали експлозии што го отежнуваа обезбедувањето помош и гасењето на пожарот по првата експлозија, чија причина сè уште не е позната. Пожарот беше ставен под контрола неколку часа подоцна.

XS
SM
MD
LG