Достапни линкови

Димитров: ЕК зазеде принципиелен став за јазикот


Никола Димитров

Важно е што ЕК зазеде принципиелна позиција во однос на прашањето на јазикот. Од анализите на МНР македонски јазик во документ на ЕК последен пат е спомнат во 2005 година, изјави денеска шефот на македонската димпломатија, Никола Димитров.

„Ние ќе настојуваме со соседна Бугарија да ги водиме работите така да бидеме успешни и во смисла на европските интеграции, и во смисла на прашање што не може да биде отворено во Европа во 2020 година. Македонскиот јазик е наша работа, тој е израз на нашето право на самооппределувањето и не можеме да зборуваме за европски интеграции ако ова е предизвик, како што не можеме да збориваме и за вистинско пријателство кое претставува меѓусебна почит“, рече Димитров на новинарско прашање по презентацијата на проектот Преспа форум.

Во однос на МКД и МК кодот и најавите за проблематизирање за неговата примена од страна на Грција, Димитров рече дека тоа е прашање кое е дел од балансот на Преспанскиот договор.

„Согласно конечната спогодба со Преспанскиот договор сите елемнти се задолжителни за двете страни и употребата на МКД или МК е задолжителна за сите употреби освен за табличките на автомобилите. Таа одредба не остава простор за поинакво толкување“, рече Димитров.

XS
SM
MD
LG