Достапни линкови

Боки 13 поднесува нови кривични пријави за функционери


Архивска фотографија - Бојан Јовановски - Боки 13 на изрекување на пресудата за „Рекет“

Бојан Јовановски - Боки 13, кој е осуден во предметот „Рекет“, денеска повторно ќе биде спроведен во Основното јавно обвинителство Скопје за да заврши со поднесувањето кривични пријави на записник. По најавите, Боки 13 почна со поднесување кривични за функционери на 25 јуни.

Адвокатот на Јовановски, Сашко Дуковски минатата недела изјави дека пријавите се за функционери од државните институции, но и за лица надвор од нив. Притоа, посочи дека кривичните пријави се за дела злоупотреба на службената положба и овластувања, изнуда, измама, давање лажен исказ, несовесно лекување, тортура.

Јовановски во случајот „Рекет“ беше осуден на девет години затвор, а поранешната специјална обвинителка Катица Јанева доби седум години затвор.

XS
SM
MD
LG