Достапни линкови

Во Србија повторно воведени мерки против коронавирусот


Александар Вучиќ

Ноќните клубови, сплавовите и кафулињата што немаат тераси во Белград ќе бидат затворени на две недели во периодот од 23 часот до 6 часот,како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот. Тоа го најави синоќа српскиот претседател Александар Вучиќ, додавајќи дека парично ќе бидат казнети лицата кои нема да носат заштитни маски во трговските центри и јавниот градски и меѓуградски превоз, а ќе бидат затворени и студентските домови затоа што голем број студенти се заразени.

Бројот на луѓе собрани во затворено ќе биде ограничен на 100, на растојание и со маски, а на отворено на 500 лица.

„Доколку тие мерки не бидат доволни, ќе има и други“, најави Вучиќ.

XS
SM
MD
LG