Достапни линкови

Иран тврди дека нуклеарниот капацитет не е оштетен во инцидентот


Капацитетот во Натанз, Иран

Иран соопшти дека имало инцидент во еден од нивните нуклеарни објекти кои се мониторирани од Aгенцијата за атомска енергија на Обединетите нации, но не дошло до сериозни оштетувања. Портпаролот на иранската организација на атомска енергија Бехруз Камалванди рече дека инцидентот се случил денеска во капацитетот за збогатување ураниум Натанз во централен Иран, каде што оштетена зграда која што се уште е во изградба, но тоа не влијаело врз работата на капацитетот. Претходно немаше објави за градежни работи во Натанз, главниот капацитет за збогатување ураниум во Иран кој се наоѓа на околу 250 километри јужно од Техеран.

XS
SM
MD
LG