Достапни линкови

Хрватите, Французите и Чесите во 14 дневна самоизолација ако влезат во Словенија


Архивска фотографија- границата меѓу Словенија и Хрватска

Словенија одлучи да ги тргне Хрватска, Франција и Чешка од таканаречената „зелена листа“ на држави кои се епидемиолошки безбедни, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Ова го објави портпаролот на Владата Јелко Кацин, а по ваквата одлука граѓаните на тие три земји ќе мораат да бидат во 14 дневна самоизолација доколку влезат во Словенија. Причината за ваквиот чекор е зголемувањето на случаите на Ковид-19 во овие држави.

Ваквата одлука на словенечката Влада највеќе ќе влијае врз граѓаните на Хрватска кои секојдневно патуваат во соседна Словенија.

XS
SM
MD
LG