Достапни линкови

Трамп вели дека би носел маска во затворени простории


Претседателот на САД Доналд Трамп

Претседателот на САД Доналд Трамп, кој избегнува да се во јавноста да носи заштитна маска на лице, изјави дека ќе ја носи доколку е на затворено и со други луѓе во обид да го спречи ширењето на коронавирусот. „Секако дека сум за маски“, изјави Трамп на телевизијата „Фокс“, додавајќи:„Ако би бил во таква ситуација, апсолутно би носел маска”.

Карантин за политизацијата на ковид-19

Сепак, Трамп рече дека не смета дека носењето маски треба да се направи задолжително на национално ниво затоа што, како што додаде, “имате многу места во земјата каде што луѓето остануваат на големо растојание“.

XS
SM
MD
LG