Достапни линкови

Чесите со специјален туристички воз на Јадранско Море


Чешки туристи со воз пристигнаа во Риека

Првите 517 чешки туристи од „специјалниот летен воз за Јадран“ по 15 часа патување пристигна во хрватскиот град Риека. После 3,5 месеци рестрикции поради пандемијата на коронавирус, Чесите побрзаа безбедно, со специјален воз, да стигнат на море. За наредните 14 дена веќе се продадени околу 30 илјади карти за возот на приватниот чешки превозник Региоџет.

Возот ќе сообраќа три пати неделно, а од 11 јули до 12 септември секој ден ако тоа го дозволи епидемиолошката ситуација.

Синоќа во Прага возот го испратија новинари и дипломати од Чешка и од Хрватска, а неколку редакции испратија свои известувачи со возот.

Региоџет успеа да добие исклучок од властите во Словенија возот да може да биде полн и патниците да не мора да одржуваат растојание од 1,5 метри, но по излегувањето од Чешка е задолжително да се носи маска кога се излегува од купето, а во возот се достапни средства за дезинфекција.

Региоџет на своите патници им обезбеди и автобуски превоз од Риека до летувалиштата.

Возот кон Прага ќе го искористат над 100 хрватски туристи и бизнисмени кои веќе купиле карти.

Региоџет има нов проект за резервирање на цели пансиони и хотели само за Чеси за да се намали ризикот за средби со туристи од други земји, каде што епидемиолошката состојба е понеповолна.

XS
SM
MD
LG