Достапни линкови

Вработен во штипскиот Затвор позитивен на ковид-19, не бил во контакт со затвореници


Поглед на Штип

Вработен во штипскиот затвор е позитивен на коронавирусот, среќа е што немал контакт со осудениците, бидејќи вечерта, кога последен пат бил на работа, стражарел на една од набљудувачниците. Петмина од неговите колеги кои биле во смената се испратени во изолација. Немаат симптоми, па се очекува деновиве и да се вратат на работните места, вели директорот на Затвор-Штип, Мики Тодоров.

Тој посочува дека веќе трети месец во установата се почитуваат сите протоколи, а осудениците добиваат и дополнителни дезинфекциони средства.

Во штипскиот регион активни се над 160 случаи, а во последните три дена има и речиси 60 оздравени од коронавирусот. Заразените се од познатите фабрички кластери, но и членови на нивни семејства.

XS
SM
MD
LG