Достапни линкови

Џонсон: Со усвојувањето на законот се нарушува автономијата на Хонг Конг


Борис Џонсон

Усвојувањето на законот за безбедност во Хонг Конг од страна на Кина го нарушил високиот степен на автономија на Хонг Конг и претставува закана за слободите и правата заштитени со Заедничката декларација од 1984 година, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон, пренесе АП.

„Усвојувањето и наметнувањето на овој закон за национална безбедност е јасно и сериозно кршење на кинеско-британската заедничка декларација“, изјави Џонсон во Парламентот.

Според него, тој закон го крши високиот степен на автономија на Хонг Конг и е во директен конфликт со основниот закон на Хонг Конг.

XS
SM
MD
LG