Достапни линкови

Заклучен избирачкиот список, 1.814.263 граѓани со право на глас


Архивска фотографија - Гласање во вториот круг од претседателските избори 2019

ДИК денеска го заклучи Избирачкиот список за предвремените парламентарни избори на 15 јули и право на глас на изборите ќе имаат еден милион 814 илјади и 263 гласачи, информираше денеска претседателот на Комисијата, Оливер Дерковски.

Во изводите на Избирачкиот список се запишани еден милион 729 илјади и 189 лица. Лица кои се иселиле или работат во странство во посебните избирачки изводи се запишани 83.054 гласачи. Во посебниот избирачки список за лицата во затвор и во притвор се запишани 1.657 гласачи, во старските домови 357 и шест лица се водат како внатрешно раселени лица.

„По спроведените промени кои произлегоа од претходните дејствија и обработка на податоците добиени од страна на институциите, ДИК треба да го заклучи Избирачкиот список со следнава состојба: вкупен број на гласачи запишани во ИС се милион 814 илјади и 263 гласачи. Од нив во изводите од ИС се запишани милион 729 илјади и 189 гласачи. Во посебниот извид избирачки список за лицата кои согласно евиденцијата на надлежен орган се на привремена работа или престој во странство се запишани 83.054 гласачи, во посебниот извод на ИС кои за време на изборите се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор се запишани 1.657 гласачи, во страрските домови се запишани 357 и шест гласачи се внатрешно раселени лица, изјави претседателот на ДИК.

XS
SM
MD
LG