Достапни линкови

Нетанјаху навести одложување на планот за анексија на Западниот Брег


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека разговорите со Соединетите држави за планот за анексија на окупираниот Западен Брег ќе продолжат „во наредните денови“, потег кој назначува дека ќе го пропушти 1 јули, датумот кој Нетанјаху го објави за почеток на контроверзниот план. Двете страни разговараат веќе неколку месеци за финализирање на мапите на подрачјето на Западниот Брег што ќе бидат анектирани од Израел.

Нетанјаху сака мировни преговори со Палестинците

Нетанјаху сакаше да започне со анексијата на територијата на Западниот брег во согласност со планот на Блискиот исток на американскиот претседател Доналд Трамп. Планот, објавен во јануари, значи дека околу 30 проценти од Западниот Брег остануваат под постојана контрола на Израел и дека на Палестинците им е дадена автономија над остатокот од земјата. Генералниот секретар на ООН, Европската унија и водечките арапски земји соопштија дека анексијата ќе го наруши меѓународното право и во голема мерка ќе ги намали изгледите за палестинска независност. Палестинците целосно го отфрлија планот на Трамп.

XS
SM
MD
LG