Достапни линкови

Лидерите на Русија, Турција и Иран ќе разговараат за Сирија


Претседателите на Русија, Иран и Турција Владимир Путин, Хасан Рохани и Реџеп Таип Ердоган, Анкара, 16.09.2019.

Претседателите на Русија, Иран и Турција Владимир Путин, Хасан Рохани и Реџеп Таип Ердоган на денешната видео конференција ќе разговараат за конфликтот во Сирија, соопшти Кремљ. Во деветгодишната војна во Сирија, Русија и Иран се главните странски поддржувачи на силите на претседателот Башар ал Асад, додека Турција ги поддржува борците на опозицијата. Во рамките на дипломатскиот процес кој датира од 2017 година, тие се согласија да работат на деескалирање на борбите.

Состанок на ОН и ЕУ за поддршка на иднината на Сирија

По ескалацијата на насилството се раселени скоро еден милион луѓе. Турција и Русија се согласија во март да ги прекинат непријателствата во северозападниот дел на сирискиот регион Идлиб. Пред две недели, Русија и Турција ги одложија билатералните разговори на министерско ниво за кои се очекуваше да се фокусираат на Сирија и Либија, друга земја каде тие ги поддржуваат спротивставените страни.

XS
SM
MD
LG