Достапни линкови

Од утре почнуваат со работа македонските аеродроми


Илустрација - Мерки за заштита и дезинфекција заради коронавирусот на Меѓународниот аеродром Скопје

Аеродромите во Скопје и Охрид од утре ќе бидат отворени, според строго утврдени критериуми и протоколите за заштита од Ковид-19. Заштитните маски и дезинфекција на рацете ќе бидат задолжителни, а термалните камери ќе ја проверуваат телесната температура. Сомнителните ќе бидат спроведени во просторија за изолација. Патниците се обврзани да бидат на аеродромите на три часа до летот, а ограничено ќе биде и користењето на чекалницните.

Во 6 часот наутро од Скопје ќе полета авион на „Визер“ за Бремен, а три часа подоцна се очекување да слета и авион на „Туркиш Ерлајнс“ од Истанбул. Првите летови од Охридскиот аеродром ќе бидат за и од Цирих и Милано.

XS
SM
MD
LG