Достапни линкови

Во Кина нов вирус на грип кај свињите - можна нова пандемија


илустрација

Кинеските научници идентификуваа нов вид вирус на грип кој би можел да прерасне во пандемија, јавува Би-Би-Си. Тој неодамна се појави кај свињи, но со вирусот можат да бидат заразени и луѓе. Истражувачите се загрижени дека може дополнително да мутира и да започне лесно да се шири од човек на човек и да предизвика глобална зараза.

СЗО - Пандемијата е далеку од крајот

Иако сè уште не е проблем, научниците тврдат дека ги има „сите карактеристики“ на висока прилагодливост кон луѓето и потребно е внимателно да се следи, а бидејќи е нов, луѓето имаат мал или никаков имунитет кон вирусот.

XS
SM
MD
LG