Достапни линкови

Американски конгресмени бараат извештај за руските активности во Авганистан


претседателката на Претставничкиот дом, Нeнси Пелоси

Демократите и републиканците во Конгресот на САД бараат целосно брифирање од врвни разузнавачки службеници за извештаите дека Русија им понудила награди на милитантите поврзани со талибанците за убивање на американски трупи во Авганистан. Претседателот Доналд Трамп негираше дека некогаш бил брифиран за тоа од разузнавачките служби, бидејќи тие не ги сметале за веродостојни тврдењата за наградите. „Њујорк Тајмс“, кој прв објави за наводните исплати наведе дека на претседателот му било кажано на ова во март. „Прашањата што се поставуваат се: дали беше брифиран претседателот, а ако не, зошто не и зошто не беше брифиран Конгресот“, напиша претседателката на Претставничкиот дом, Нeнси Пелоси.

Талибанците го извеле нападот на воениот комплекс Хелманд

Дури и републиканците блиски до претседателот побараа повеќе информации. Сенаторот Линдзи Греам, близок сојузник на Трамп изјави дека Конгресот мора да ја дознае точноста на извештаите. Њујорк Тајмс, повикувајќи се на анонимни американски официјални претставници, брифирани за ова прашање, објави дека тајна единица на руското воено разузнавање, поврзана со обиди за атентати во Европа и други активности, им понудила награда на милитантите поврзани со талибанците за акции во минатата година.

XS
SM
MD
LG